понеделник, 15 декември 2025

Николоски: Со експресниот пат Градско-Дреново-Фариш го скративме времето за патување кон Пелагонија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски преку видеопорака ја истакнува важноста и значењето од изградба на експресниот пат Градско-Дреново-Фариш.

Објавено на

часот

Сподели

Напорно се работеше и резултатите се видливи, вели вицепремиерот Николоски.

„Експресниот пат на делниците Градско- Дреново и Дреново- Фариш активно се користи. Десетици илјади возила поминаа по истиот. Пелагонија, Прилеп, Битола, Кривогаштани и Могила, Новаци и Крушево се веќе многу поблизу до Скопје и до сите населени места, многу побрзо се патува до Грција и на север до Србија“, посочува Николоски .

Се развива бизнисот, додава, цвета туризмот и луѓето можат полесно да патуваат.

„Пуштањето на овој патен правец е доказ дека ја градиме Македонија. Напорно работевме, првиот дел на потегот од Градско до Дреново го пуштивме во месец јануари, а вториот дел од Дреново до Фариш го пуштивме во месец јуни. На тој начин ја комплетиравме делницата Градско -Дреново-Фариш дел од Градско – Прилеп, што многу ќе значи за целиот регион“, потенцира Николоски.

Активно работиме, порачува, и на автопатот Прилеп -Битола што за многу брзо време ќе значи од Скопје за Прилеп да се патува за час и десет минути, од Скопје до Битола за час и половина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ