вторник, 15 јули 2025

Николоски-Сијарто: Потврдено партнерството со Унгарија засновано на политичко-економски односи

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно поддржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакнал вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Министерството за транспорт, министерот Сијарто, кој е во работна посета на Македонија, во име на Владата на Унгарија денеска ќе го потпише Договорот за стратешка соработка меѓу владите на Македонија и Унгарија.

Поздравувајќи го потпишувањето на овој стратешки документ, вицепремиерот Николоски истакнал дека соработката меѓу двете земји се издигнува на повиско ниво и истиот ќе донесе многу придобивки за Македонија преку реализација на нови инфраструктурни проекти.

Во контекст на Договорот, а во насока на развојните политики на државата, вицепремиерот Николоски го потенцирал планот за економски развој на земјата, посебено истакнувајќи го развојот и модернизацијата на транспортните коридори.

На средбата, двајцата министри го потврдиле партнерството засновано на силни политички односи и развиена економска соработка значајна за двете држави.

„Овој стратешки договор со Унгарија е многу значаен во време на огромни политички и економски предизвици за Македонија. Партнерството носи само бенефит, а соработката со Унгарија никогаш не била на повисоко ниво.Договорот дополнително ќе ни донесе нови проекти во инфраструктурата и верувам дека оваа соработка што ја имаме со Унгарија ќе ја продлабочуваме во периодот што следи“, истакнал по средбата вицепремиерот Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ