понеделник, 15 декември 2025

Николоски: Сакаме да ја вратиме Македонија како шампиони по економски раст

Очекуваме економски раст од 3,7 отсто на БДП до крајот на годината, а голема улога во овој раст имаат капиталните расходи кои изнесуваат над 800 милиони евра годинава, како и инвестициите во инфраструктурата во општините, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој уште кажа дека со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година.

Објавено на

часот

Сподели

Николоски посочува дека неговиот ресор е главниот двигател на капиталните расходи.

„Влеговме доста амбициозно како Влада и сметаме дека капиталните расходи се срцето на економскиот раст на Македонија. Оваа година очеуваме 3, 7 отсто економски раст од БДП, што ќе биде убедливо најголем раст во регионот. Сакаме да ја вратиме Македонија на старите патеки кога бевме шампиони во економски раст и тоа веќе успеавме да го направиме во втората половина на минатата година, а ова е прва наша целосна година и ќе се видат резултатите“, истакна вицепремиерот Николоски во гостување на Њузмакс Балкан.

Тој потенцираше дека Македонија во моментов е претворена во големо градилиште, каде со владина поддршка со 350 милиони евра за општините се реализираат над 1.200 проекти.

„Новиот повик од 250 милиони евра, заедно со претходниот од 100 милиони евра е една вкупна сума од 350 милиони евра, нешто што е невидено во општините претходно. За жал поголемите инфраструктурни зафати во општините се правени во време на поранешната држава, во време на Југославија и од тоа време нема направено поголеми инфраструктурни зафати. Ние прв пат влегуваме во еден голем циклус, прв пат интензивно се менуваат или се градат: водоводни, канализациони мрежи, прв пат се прават локални патишта, се градат училишта, градинки, спортски терени, сето она што е потребно на општините, за народот пристојно и нормално да живее“, рече вицепремиерот Николоски.

Тој уште кажа дека со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година.

„Веќе го пуштивме во употреба експресниот пат Градско-Прилеп, односно потегот Градско-Дреново-Фариш, а размислуваме да го споиме и Фариш со Прилеп со експресен пат или автопат, што ќе ја отвори централна Македонија. Тоа е делот од државата кој што најмногу придонесува во БДП, таму се произведува 80 отсто од електричната енергија што ја произведуваме како држава, над половина од земјоделското производство, тука е мермерот, тука се едни од најголемите фабрики и комбинати кои ги има Mакедонија.Ова беше запоставен крај, а сега целосно се отвора овој крај и кон Скопје и кон соседните земји“, истакна вицепремиерот Николоски.

Како што информира Министерство за транспорт, во однос на врската на коридор 10 -д, вицепремиерот потенцирал дека со изградбата на оваа патна мрежа, кoридорот 10-д ќе стане алтернатива за патување кон соседна Грција за голем број патници кои патуваат на релација Виена преку Будимпешта-Белград-Скопје-Атина со што ќе се скратува патувањето за еден час.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ