вторник, 23 декември 2025

Николоски: Патниот правец на превојот Пресека ќе биде рехабилитиран до февруари 2026

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца вчера извршија увид на градежните работи на превојот Пресека.

Се работи за проект за рехабилитација на 15 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид и Струга.

„Се работи на 11 километри кои целосно се рехабилитираат. Можам да кажам дека во однос на рехабилитацијата на патниот превој Пресека, којшто претставува главна артерија, не само за спојување на Кичево со Охрид и Струга, туку генерално и за спојување на Скопје со Струга и Охрид, се работи со одлична динамика и до февруари месец би требало целиот патен правец да е завршен, што многу ќе помогне додека не се пушти целиот автопат Охрид-Кичево, побезбедно и побрзо да се патува, имајќи предвид дека патниот превој Пресека беше во една навистина катастрофална состојба“, изјави вицепремиерот Николоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ