Исто така, на средбата била отворена темата и за проектот за брза пруга на коридорот10, придобивките од реализација на овој регионален проект и подготовеноста на Австрија да се вклучи во него.
Двајцата говорници разговарале и за унапредување на соработката во патниот сектор, авиосообраќајот и сектори од заеднички интерес на двете земји.
На средбата биле потврдени добрите билатерални односи, со посебен акцент на развивање на економските врски. Соговорниците средбата ја искористиле да разговараат и за зголемување на трговска размена и зајакнување на регионалната соработка.






