четврток, 29 јануари 2026

Николоски од Загреб: Побарана поддршка од Хрватска во надминување на состојбата со транспортерите од Македонија со ЕТИАС

Силната поддршка за Македонија за евроинтегративниот процес и заложбите за интензивирање на политичките и на економските релации меѓу Македонија и Хрватска беа потврдени на средбата во Загреб помеѓу заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, и Маријана Петир, пратеничка во хрватскиот Сабор.

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиерот Николоски, како што информираат од неговиот кабинет, на средбите го потенцирал и проблемот за транспортерите од земјата и регионот и побарал силна поддршка од Хрватска во надминување на состојбата со нивните работни активности во рамки на шенген-зоната.

Николоски истакнал дека овој проблем има регионално значење и неговото брзо надминување ќе придонесе за стабилност на регионалната економија и побрз проток на стоки и услуги кон европските пазари.

При работната посета во Саборот, Николоски оствари средба и со Андро Крстуловиќ-Опара, претседател на Одборот за надворешна политика.

„Добрите односи меѓу двете земји претставуваат пример за регионална соработка, заснована на пријателство, заемна поддршка и визија за европската перспектива. Ваквата улога во регионот има значајно влијание врз унапредување на стабилноста во регионот, економскиот развој и интеграцијата“, наведуваат од Министерството за транспорт.

На средбите Николоски ги потенцирал и реформите што ги презема Владата во делот на евроинтегративните процеси и истакнал дека искуствата преземени од Хрватска особено придонесуваат за зајакнување на институционалните капацитети на земјата.

„Во делот на политичката соработка, билатералните односи се карактеризираат со отворен дијалог и меѓусебна поддршка. Како две партнерски земји членки на НАТО ја делат одговорноста во обезбедување стабилност во регионот и справување со современите безбедносни предизвици“, се вели во соопштението.

Во рамките на работната посета на Загреб вицепремиерот Николоски имаше средба и со генералниот секретар на ХДЗ, Крунослав Катичиќ, на која биле потврдени добрите односи меѓу двете земји, а се разговарало и за перспективите за нашата држава и регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ