понеделник, 15 декември 2025

Николоски: Новите авиолинии го зголемија бројот на странски туристи

Воведните 11 нови авиолинии во изминатите девет месеци веќе го даваат својот ефект во туризмот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

Во гостување на ТВ Канал 5 Николоски истакна дека зголемувањето на бројот на туристи е резултат на поддршката на чартер летови и промените на политиката за субвенции, за патници за доаѓање, наместо за патници во заминување.

Како што наведе,  во мај  годинава во однос на мај минатата година има 101.000 туристи повеќе, при што број еден дестинација е Скопје затоа што трендовите на туризам се менуваат – број еден туристичка дестинација се главните градови, број два е Охрид, па останатите места.

„Има зголемување за 20 проценти споредено со минатата година. Тоа е резултат на  две политики, едната на поддршка на чартер летови, на Скопскиот аеродром  слетува дневно по еден авион со туристи од Германија, Франција и Англија, по двеста туристи секој ден. Од октомври ќе бидат два авиона кои ќе слетуваат на Охридскиот аеродром и дневно ќе бидат 400. Дополнително на тоа е чартерот од Манчестер. За само девет месеци отворивме 11 нови авионски линии, што секако имаат ефект затоа што ја променивме политиката на субвенции, сега имаме субвенции за патници кои доаѓаат. Политиката на субвенциите е да поддржите повеќе луѓе да доаѓаат, а не да заминуваат. Директните летови менуваат многу, се отворија дестинации кон Скопје и кон Охрид кои ги немаше претходно и овие 11 авиолинии веќе го даваат го даваат ефектот“, рече Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ