недела, 21 декември 2025
Ден на настава на турки јазик

Николоски: Наставата на мајчин јазик е најголема цивилизациска придобивка

Заеднички да го градиме партнерството помеѓу македонскиот и турскиот народ и да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на свеченоста што се одржа попладнево во Скопје по повод  Денот на настава на турски јазик – 21 Декември и 20. годишнината од отворањето на Канцеларијата на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка која што може да ја има еден народ и горд сум што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница. Ова е нешто што треба заднички да го градиме и надградуваме затоа што е наша заедничка држава, нашите јазици заеднички коегзистиарат не со децени туку со векови и тоа е цивилизациска придобивка шо треба да ја негуваме“, рече Николоски.

За македонскиот народ, истакна, нема поблизок од турскиот народ, за Македонија нема поблиска држава од Република Туркије.

„И затоа треба да работиме заеднички на уште подобри услови за изучување на турскиот јазик, но и за настава на мајчин турски јазик“, рече Николоски.

Централната церемонија по повод 21 декември Ден на настава на турски јазик се одржа во СЦ „Борис Трајковски“, во организација на ТИКА, а претходно беше организиран и свечен прием.

Вчера беа одржани церемонии за предавање на два проекта реализирани од Турската агенција за соработка и координација – Отворање на целосно реновираниот и опремен со средства обезбедени преку ТИКА на Здравствен дом Пласница и отворање на лабораториите и церемонија за донација на возила на Јавната установа Хидробиолошки институт на Македонија во Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ