На средбата, како што соопшти Министерство за транспорт, се разговарало за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информирал дека законот за ратификација на договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Вицепремиерот Николоски ги запознал соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.

Николоски исто така потенцирал дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.






