петок, 6 февруари 2026

Николоски – Миљаниќ: Потребно е воспоставување авиолинија меѓу Македонија и Црна Гора

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во земјата, Зоран Миљаниќ.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, а притоа акцентот е ставен на можноста за воспоставување нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји, соопшти Министерството за транспорт,

Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти, како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа е истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка.

На средбата станало збор и за зголемување на економската соработка, трговската размена, како и соработката во туризмот.

„Со амбасадорот разговаравме за подобрување на билатералните односи, особено за можноста за воспоставување авиоповрзување меѓу двете земји. Исто така, отворивме теми и за унапредување на трговската соработка, туризмот и сè што е во интерес на двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и очекуваме дека во име на таквиот партнерски однос соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период“, истакна вицепремиерот Николоски.

Двајцата соговорници, како што е наведено, се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, особено во делот на зголемување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ