„Да, тоа е ветување и така ќе биде. Не можам да ги предвидам временските услови, дали декември, дали ќе завршиме во март, тоа е опсегот заради временските услови и е прашање на Господ и на време. Но ветувањето коешто го дадовме ќе го реализираме“, изјави Николоски по учеството на одбележувањето на празникот Водици во Охрид.
Ниолоски посочи дека 14 од 16 косини се стабилизирани и оти до напролет три галерии ќе бидат завршени целосно.
„За свлечиштата отидовме со решение, кое според мене би требало да се направи уште кога почна да се работи овој проект. За жал, немаше проекти, немаше геолошки и геотехнички истражувања. Сега се направија. Има проекти за 16 свлечишта од кои 14 ги стаблиизраме, најголем дел се со галерии, едната кај село Извор е веќе готова, втората почнува да се работи. Очекувам до пролет веќе три да се целосно завршени. Најголем проблем е кај село Ботум, цела планина буквално се спушта таму, таму ќе одиме со стаблизации кои ќе одат внатре во земја, ќе се спуштаме во земја 14 до 21 метар со техники кои се модерни, најнови во инжинерскиот систем. Ветивме дека ќе го завршиме атопатот и ќе го завршиме без разлика на сè што треба да се направи“, изјави Николоски.






