Тој синоќа за ТВ Алфа рече дека битката со злоупотребата на безбедносните структури мора да се води широко.
„Агенцијата за разузнавање е под нејзини ингеренции. Не можеме оваа битка да ја оставиме само на Владата и само на АНБ. И претседателката мора да реагира“, рече Николоски во врска со последната афера со злоупотребата на Агенцијата за национална безбедност и АР со примената на посебните мерки во следењето на тогашните опозициски политичари, Христијан Мицкоски, Николоски, Драган Ковачки, следење на новинари, бизнисмени…






