Николоски ги оцени настапите на градоначалничката Данела Арсовска како спектакли, посочувајќи дека како градска власт има право да постапи доколку се утврди дека одредени објекти се дивоградби.
„Мислам дека е коректно да се информира јавноста дека целосна надлежност има градоначалникот на Град Скопје со соодветната градежна инспекција и наместо да се прават спектакли, нека излезат со градежна инспекција и нека утврдат. Доколку има дивоградби, истите треба да се срушат. Доколку не сака да ги сруши инвеститорот, треба градот да распише тендер за фирма за рушење и таа фирма да ги сруши, а потоа трошоците паѓаат на товар на оној кој бесправно градел. И да поднесе сооветна пријава до надлежното обвинителство и кривично да се одговара, а целокупниот имот доколку е изграден на земјиште на Република Македонија, затоа што има и такви индиции што се изнесуваат во јавноста, се конфискува. Како што сме сведоци ништо од ова нема направено градоначалникот на Град Скопје. Напротив секој ден спектакли во јавност, а ниедно од правните дејствија не се направени што може да нè носи до други заклучоци дали позадината е мотвирана од политичката партија ДУИ и од одредени релации што градоначалничката ги има со високи функционери на ДУИ“, рече Николоски.