петок, 27 февруари 2026

Николоски: Голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај – силен поттик за економијата и нови работни места

Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, што е силен поттик за економијата и за нови работни места, порача денеска вицепремерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Вкупнато количество превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66,7 проценти зголемено во споредба со истиот период 2024 година – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Државната статистика забележува и зголемување на карго-превозот преку авиосообраќајот, и тоа за 23,7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на почнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа по должината на коридорот 10“, посочи Николоски.

Во истиот пресметковен период, додаде, во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, а во воздухопловниот превоз регистрирани се 889.153 патници, што покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска поддршка, што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување нови авиолинии.

„Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер-летовите. Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железничкиот превоз на патници, и тоа, според статистиката, превезени се 34 илјади патници“, истакна вицепремиерот Николоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ