Во рамки на посетата, како што информира Министерството за транспорт, предвидени се низа економски средби со претставници на државни инвестициони фондови и бизнис комори.
„Деновиве сум дел од високата делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати каде што се предвидени бројни средби и тематски состаноци. Планирани се повеќе средби, на повеќе теми, меѓу кои можностите за економска соработка, потенцијалните инвестиции и можни инфраструктурни проекти. Официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати е на покана од неговото височество, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, претседател на ОАЕ и владетел на емиратот Абу Даби“, напиша Николоски на својот Фејсбук профил.
Во рамки на посетата, како што најавува, ќе биде остварена средба со претседателот на ОАЕ, воедно и владетел на емиратот Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјани и со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на ОАЕ и владетел на емиратот Дубаи, како и повеќе државни инвестициони фондови на емиратот Абу Даби и стопански комори.