среда, 30 јули 2025

Николоски: Eкспресниот пат Градско-Прилеп e модерно и безбедно патно решение (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео за изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и неговите придобивки, посочувајќи дека значително е подобрена безбедноста и намалено времето за патување.

 

Објавено на

часот

Сподели

Николоски истакнува дека експресниот пат е одговор на ветувањето за модерно и безбедно патно решение со кое се намалување времето за патување.

„Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп) Ветивме пред граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и цел Тиквешки регион дека ќе изградиме модерно и безбедно патно решение и овој експресен пат е одговор на тоа што го ветувавме. Го завршивме патот од Дреново до Фариш кој е дел од патот Градско – Прилеп. Во должина од 25 километри овој пат значително ја подобрува безбедноста и го намалува времето на патување од Скопје до Прилеп и Битола. Продолжуваме да ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски во објава на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ