понеделник, 6 април 2026

Николоски: Добро се одвиваат преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и до 30 септември треба да почне да се применува за македонските транспортери, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Преговорите одат добро. Значи во делот на камиони и во делот на автобуси системот ќе почне да се применува од 30  септември. Веќе добивме одложување. Тоа е доволен период да се завршат сите процедури. Одиме на долгорочни визи. Швајцарија веќе ги воведе и веќе се издаваат. Во Хрватска законот е во Саборот. Очекуваме за неколку седмици да биде усвоен. Во Романија влезе во процедура. Во Унгарија добивме ветување при последната посета дека по завршување на изборите и формирање на Парламентот, исто така ќе влезе во процедура законот“, рече вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека во втората половина на април македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе одат во Австрија, каде на средбите ова ќе биде една од главните точки.

„Останува уште Германија и со тоа главните рути на македонските транспортери се решени. Сега како следната голема рута е Велика Британија, но имајќи предвид дека таа е надвор и од Европската Унија и од Шенген зоната, таму има посебни правила кои што и досега се применуваа“, рече вицепремиерот  и министер за транспорт Николоски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ