вторник, 24 март 2026

Николоски: Брз автобуски превоз во Скопје до 2029 година – Владата ќе го поддржи проектот со 70 милиони евра

Владата на денешната седница донесе одлука за поддршка на Град Скопје за реализација на проектот за брз автобуски превоз – БРТ.

Објавено на

часот

Сподели

Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток – Запад и втората Север – Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ-возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во градот. Ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје.

За владината одлука информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук, нагласувајќи дека Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот за брз автобуски превоз – БРТ.

„На денешната седница на Владата ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување нов современ градски сообраќаен систем, преку кој ќе ги подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во градот. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток – Запад и втората Север – Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ-возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во градот. Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје. Рокот за завршување на овој значаен проект е февруари 2029 година“, истакна Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт нагласи дека развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување нови сообраќајно-транспортни решенија, кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.

„Министерството за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително, со проектот за градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси, ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје, преку кој значително ќе ги подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз“, додаде Николоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ