Имено, Димитров е ангажиран од регионална тинк-тенк организација, поддржана од една западна земја. Организацијата во својата мрежа ангажира повеќе експерти од Европа, светот, но и од Македонија, а предводник на овој тим е Никола Димитров.
Целта на тимот е да ја олесни комуникацијата меѓу владите на Скопје и Софија во обид да се најде решение на блокадата на почетокот на преговорите меѓу Македонија и Европската Унија.
Сличен ваков ангажман Димитров имаше и пред две години кога се правеа дипломатски напори меѓу Приштина и Белград кога се правеа напори за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.






