четврток, 29 мај 2025

Независниот синдикат на полицијата на протест, бара почитување на Законот за минимална плата

Независниот синдикат на полицијата (НСП) најавува протест за 12 мај барајќи да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку минималната плата! Бараме воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови! Вработените во полицијата не се службеници од втор ред. Законите не може да важат за полицијата само кога треба да нѐ казнуваат“, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот.

Протестот ќе се одржи на 12 мај во 12 часот пред судовите во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ