вторник, 9 декември 2025
Локални избори 2025

Независниот кандидат Менди Ќура прогласи победа во Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга Менди Ќура вечерва прогласи победа.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На вечерашната прес-конференција, Ќура им се заблагодари на стружани што му ја дадоа довербата, нагласувајќи дека тие денеска испишале историја.

„Благодарам на сите, на сите граѓани на општина Струга што ме поддржаа, што сфатиле дека јас имам добри проекти. Тие денеска испишаа историја. Но, историјата ќе се заврши по четиригодишниот мандат, кога ќе завршиме и ќе имаме историски успех за четири години“, рече Ќура.

Тој изрази благодарност и до неговиот изборен штаб, но и до коалициските партнери во Владата за поддршката.

Потсети дека воделе цивилизирана кампања, без притисок, поткуп и клевети.

Според податоците на Државната изборна комисија, од речи си 97 отсто преброени гласови во Струга, Менди Ќура води за 1.766 гласа пред неговиот против кандидат Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ