понеделник, 8 декември 2025

Независниот кандидат Адеми предупредува на загрижувачката состојба со училиште во Гостиварвиса

Висока трева, отпад, опасност од змии… вака го најдов дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар еден ден пред почетокот на учебната година, изјави независниот кандидат за градоначалник на Гостивар, Висар Адеми по посетата на училиштето.

 

Објавено на

часот

Сподели

Тој вели дека состојбата е загрижувачка, опасна по здравјето и безбедноста на децата.

„Ова јасно ја покажува неподготвеноста на општината и институционалната неодговорност кон безбедноста и благосостојбата на децата. Нашите деца заслужуваат училишта со достоинство – со чисти, уредени и безбедни дворови. Под мое раководство, училиштата ќе ја добијат грижата и почитта што им припаѓа – не само во инфраструктура и изглед, туку и во квалитетот на образованието“, изјави Висар Адеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ