недела, 14 декември 2025

Независни за Карпош се откажаа од формирање партија

Групата граѓани Независни за Карпош одлучија на претстојните локални избори да излезат со граѓанска листа.
Остануваме на принципот дека самостојното делување ни овозможува да се прилагодуваме на секојдневните барања и приоритети на граѓаните во нашата општина, се вели со известувањето на Независни за Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

„Таа флексибилност, која ја сметаме за клучна за нашата ефикасност, е многу потешко остварлива во рамки на поголема група или партија, каде процесот на одлучување е подолг и често ќе бара компромиси на сметка на локалните потреби.
Приклучување кон партија отсекогаш била последната опција за учество на избори, и сè додека постојат други можности со кои ќе ја задржиме нашата независност и принципите на граѓанското работење – ќе ги искористиме тие опции.
Се повлекуваат од заедничко формирање политичка партија со другите независни иницијативи. Конфузијата и неизвесноста за независните иницијативи создадени од партиите нема да нè одвратат од нашата визија и посветеност да понудиме решенија за квалитетен живот на граѓаните на општина Карпош.
На независните иницијативи што продолжуваат со процесот на заедничко формирање политичка партија Независни заедно и на сите новоформирани партии и независни листи им посакуваме искрен успех и остануваме отворени за соработка со нив и со сите останати граѓански иницијативи и чинители со кои делиме теми од интерес и каузи“, се вели во соопштението на Независни за Карпош.
Граѓанските иницијативи Независни за Карпош, Шанса за Центар и Зелените од Гази Баба неоадамна објавија дека собираат потписи за формирање партија Независни заедно. Главната причина за овие неколку иницијативи за формирање партии од граѓанските иницијативи е во законската регулатива според која на избори речиси е невозможно учеството на независни кандидати. А актуелните пратеници засега немаат абер ова прашање да го решат со измени во Изборниот законик, во согласност со одлуката на Уставниот суд.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ