недела, 21 декември 2025

Невреме во Скопје, материјални штети и пожари, нема пријавено повредени

Силно невреме проследено со интензивни ветрови попладнево погоди повеќе делови од градот Скопје, при што беа предизвикани материјални штети и регистрирани неколку пожари.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека состојбата внимателно се следи, а сите релевантни служби се на терен и постојано координираат активности за справување со последиците.

Директорот на ЦУК, Мухамед Алу, заедно со дежурните служби ги координира акциите и навремено ги информира надлежните институции. Според првичните информации, нема евидентирани повредени лица.

Надлежните апелираат до граѓаните кои имаат претрпено материјални штети или воочат дополнителни ризици, веднаш да се јават на бројот за итни повици 112.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ