Со цел да поттикне финансиска независност кај младите и можност за безбедно и едноставно плаќање УНИБанка АД Скопје воведува уникатен пакет наречен УниКју. Пакетот е за млади од 15 до 25 години и нуди многу поволности.
Младите со аплицирањето за пакетот добиваат бесплатна Мастеркард, дебитна картичка за млади, бесплатно одржување на сметка, бесплатно УНИ СМС известување, дозволено пречекорување во износ од 15.000 денари без административен трошок одобрено без жиранти – само со индекс, како и бесплатна три месечна претплата на Нетфликс за нови клиенти.
А дополнително се добиваат и попусти и специјални промоции кај избрани трговци. Овој пакет нуди многу поволности, прилагодени на потребите на младите, со што УНИ Банка АД Скопје уште еднаш покажа дека е банка за младите, доверлива финансиска институција која ги разбира нивните потреби и им дава поддршка во процесот на созревање, растење и нивно обликување во одговорни, мотивирани и независни возрасни личности.
Средношколците, студентите и вработените на возраст од 15-25 години, преку УниКју пакетот добиваат значајна поддршка во период кога се полни со идеи, очекувања и кога мали успеси ги носат поблиску до големите соништа, период кога е важно да се стекне самодоверба, да може да се одговори на сите предизвици. За УниКју пакетот може да аплицира секое лице на возраст од 15-25 години, со тоа што за лицата под 18 години пакетот не вклучува дозволено пречекорување и Нетфликс претплата.
Бесплатната претплата за Нетфликс важи и доколку веќе сте корисник на Нетфликс. Со навршување на 25 години возраст, престанува користењето на пакетот. За повеќе информации и други новитети следи не на социјалните мрежи: фејсбук, инстаграм и Тикток.
Комерцијален текст