По повод свеченото отворање, Нептун подготви 100 награди за посетителите, како и двојно поени за секое купување, што го прави овој ден идеална можност за паметен шопинг. Целиот настан ќе биде проследен со добра забава, пријатна атмосфера и музика, создавајќи вистинско шопинг-доживување за сите генерации.
Како дел од Балфин груп (BALFIN Group), Нептун континуирано инвестира во модернизација, подобрување на услугите и создавање на простори кои одговараат на современите потреби на купувачите.
Новата продавница во Прилеп нуди повеќе простор, појасна организација на одделите и подобрена понуда, со што купувањето станува побрзо, полесно и попријатно. Посетителите ќе можат да се запознаат со најновите технолошки производи, иновативни решенија за домот, како и со стручна поддршка од тимот на Нептун, подготвен да помогне при секој избор.
Со ова ре-отворање, Нептун уште еднаш ја потврдува својата улога како сигурен партнер на потрошувачите во Прилеп, носејќи квалитет, доверба и иновации – токму таму каде што се најпотребни.
Комерцијален текст






