понеделник, 21 јули 2025

Нeптун со нова понуда за клима уреди – 48 рати и три месеци грејс период

Малопродажниот лидер Нептун лансира нова атрактивна можност за сите купувачи: „Купи сега, плати подоцна“ – кампања која овозможува набавка на клима уред со 3 месеци одложено плаќање, а потоа отплата до 45 еднакви месечни рати со фиксен износ.

Објавено на

часот

Сподели

Понудата е овозможена преку НЛБ инстант потрошувачки кредит, без сложена процедура и со едноставна апликација директно во продажната мрежа на Нептун. Во првите три месеци, клиентот плаќа само камата, без отплата на главнината на кредитот. По истекот на грејс периодот, следува отплата на кредитот до 45 месечни рати.

Оваа финансиска погодност е идеално решение за сите што сакаат веднаш да купат клима уред, а да започнат со отплата дури по три месеци – без финансиски притисок, со фиксен месечен износ и едноставно процесирање.

„Со оваа понуда им овозможуваме на нашите клиенти да купуваат паметно – без да го одложат своето задоволство и комфор. Нептун го прави купувањето достапно, брзо и без стрес“, изјавуваат од компанијата.

Промоцијата важи до 31 јули 2025 година во сите продавници на Нептун низ државата, како и онлајн на www.neptun.mk. Аплицирањето за кредит е достапно на лице место, со поддршка од продажниот персонал.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ