Д-р Исјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во државата од јуни 2019 до 2024 година. Јавноста најмногу го памети по неговиот ангажман за време на пандемијата на коронавирусот, кога Здравствен дом – Скопје со сите ресурси беше ставен во служба на граѓаните, особено во процесот на масовната вакцинација.
По професија специјалист психијатар, зад себе остави богата професионална кариера. Роден е на 21 јули 1978 година во Скопје, каде ги заврши основното и средното образование, а Медицинскиот факултет во Скопје го завршил во 2003 година.
Приватно, д-р Виктор Исјановски беше сопруг и татко на две деца.






