понеделник, 8 декември 2025

Немал грижа во затворот, па затоа почина притвореникот Мирсад Пушка, вели aдвокатот Алиспаиќ

Вечерва во притворското одделение на Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Шуто Оризари почина 54-годишниот Мирсад Пушка од селото Долно Коњари.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 август околу 15:30 часот, вработен во затворот пријавил дека притвореникот, кој се наоѓал во притвор, побарал лекарска помош. Тим од Итната медицинска помош пристигнал во 15:58 часот и констатирал смрт, при што не биле забележани траги на насилство.

Преку социјалните мрежи адвокатот Асмир Алиспаиќ, тврди дека Мирсад Пушка подолго време бил во тешка здравствена состојба, со дијагноза на тумор и последици од мозочен удар, како и дека бил корисник на инвалидска пензија. Според нив, тој со месеци немал соодветна здравствена грижа, и покрај тоа што адвокатот укажувал дека треба да биде хоспитализиран на клиника.

„Последните пет месеци тој полека, но сигурно умираше и страдаше во болки. Никој не презеде ништо, иако навреме укажувавме дека мора да добие болнички третман. Одговорност мора да има“, напиша адвокатот.

Тој ги повикуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Управата за извршување санкции и Јавното обвинителство целосно да го истражат случајот, кој заврши со загуба на човечки живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ