Тој информира дека, согласно планот на Судски совет, одобрени се околу 200 нови вработувања во судовите низ државата. Станува збор за судски соработници, а не за судии, што претставува значаен чекор за подобрување на ефикасноста на правосудниот систем.
Нема зголемување на платите во правосудството, но ќе има нови вработувања, најави Мицкоски
Нема простор за зголемување на платите во правосудниот сектор, но Владата е подготвена да инвестира во ресурси и услови за работа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на
часот
Сподели
Одговарајќи на изјавите на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, кој побара поголема финансиска поддршка за поефикасна борба против криминалот, Мицкоски посочи дека може да се разговара за подобрување на алатките и капацитетите, како во Обвинителството, така и во судовите.
Премиерот додаде дека средствата за овие вработувања се веќе одобрени од Министерство за финансии и дека Владата нема да се меша во кадровските решенија, кои се изработени од самите институции.





