четврток, 10 април 2025

Нема промена во здравствената состојба на 69 пациенти од пожарот во Кочани што се лекуваат во странство

Министерството за здравство информира дека во моментов, 69 пациенти повредени во пожарот во Кочани се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета била и состојбата на пациентите што се наоѓаат во критична состојба.

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов, во установите во Скопје се лекуваат 15 пациенти. Од нив, шестмина во хируршката клиника Свети Наум Охридски. На Клиниката за пластична хирургија се четворица пациенти, пристигнати синоќа од странство. На Клиниката за токсикологија има двајца пациенти – еден од претходно кој е префрлен од хируршката клиника Свети Наум Охридски и еден кој ноќеска е дојден од Шпанија. Еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија. Во Систина се лекуваат двајца пациенти. Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба“, потенцираат од Министерството.

Во соопштението се додава дека министерството и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјава и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

Во пожарот на 16 март во дискотеката Пулс во Кочани животот го загубија 60 луѓе, а околу 200 беа повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ