среда, 17 декември 2025

Нема преговори за коалиција со Мерко, тој е на црната листа на САД, тврди Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите во дел од медиумите дека се преговара со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за негов влез во Владата, изјави дека тој не преговара со луѓе како него кои се на црната листа на САД.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам дека сега, за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете оставам на тој начин да прават и креираат сензација, инаку тоа е апсолутно неточно“, вели Мицкоски.

Локалниот портал Стругалајм објави дека независната листа на советници која ја локалните избори доби поддршка од Мерком е многу блиску до учество во Владата.

Како што пишува порталот, на Мерко му биле понудени неколку државни институции меѓу кои Дирекција за финансиско разузнавање и Македонска пошта како и заменик директор на УЈП и директор на Градежниот инспекторат на државно ниво.

Според порталот, кандидати за овие три позиции се универзитетскиот професор и бизнисмен Гуксимтар Рушани, кандидатот за советник и сегашен директор на Поштата во Струга, Кренар Биба, универзитетскиот професор Абедин Трена, Албион Далипи и Адем Ајдароски.

Како што пишува порталот, разговорите од владина страна ги водат првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и политички претставник на Мерко. Формализирањето на договорот се очекува кон крајот на неделата, кога Меџити треба да дојде во работна посета на Струга.

Во првиот круг од локалните избори што се одржа на 19 октомври Мерко јавно ја поддржа независната листа и нејзиниот носител Анела Ќазимоска наспроти листата на неговата матична партија ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ