недела, 7 декември 2025

Нема гас за утре за автобусите на ЈСП, граѓаните да се подготват за редуциран превоз

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираше дека добиле известување од снабдувачот „НОМАГАС“ за прекин во испораката на природен гас до 17 октомври 2025 година може да предизвика редуцирање на некои автобуски линии, особено оние што го користат гасот како гориво.

Објавено на

часот

Сподели

Корисниците на јавниот превоз се предупредуваат да бидат подготвени за доцнења и променливи возни редови, велат од ЈСП Скопје.

„Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред. Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени. Благодариме на разбирањето“, велат од ЈСП Скопје.

Во текот на изминатата година, јавниот превоз во Скопје веќе се соочи со кризи поради недостаток на гориво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ