Според Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи – услов за изборите да се сметаат за успешни. Во Гостивар одѕивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49%.
Согласно член 132 став (2) од Изборниот законик, во вакви случаи се повторува целата изборна постапка, а повторените избори ќе се одржат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати, без повторно условување со цензусот од една третина, како што е предвидено со член 132-а.
Во меѓувреме, денеска се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, каде што се одржува вториот круг за избор на градоначалници.
Во првиот круг беше извршен избор во 44 општини.






