петок, 19 декември 2025

Нема да има штрајк на контролорите на летови, ама синдикатот ќе ја обжали одлуката на судот

Струковиот синдикат на контролори на летање информира дека ќе ја почитува одлука на Граѓанскиот суд со времена мерка за забрана на штрајкот, најавен за 20 октомври од 10 до 15 часот, со запирање на сите полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродорм и со намалено опслужување за 50 проценти на прелетите.

Објавено на

часот

Сподели

Од синдикатот велат дека ќе ја обжалат одлуката и ќе побараат предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана. Ќе се обратат и до Републичкиот судски совет и ќе поднесат претставка против судијката која го водела предметот.

„Мора да го почитуваме решението на Судот. Денеска ќе ги известиме М-НАВ дека нема да има штрајк, ќе го ставиме штрајкот во мирување, но нема да се откажеме и ќе продолжиме со други активности. Ќе најдеме начин повторно да направиме се што е потребно за да ги оствариме нашите барања што се дел од Спогодбата за којашто инсистираме дека директорите треба да ја испочитуваат“, рече денеска на конференција за медиуми претседателот на ССКЛ Александар Тасевски.

Граѓанскиот суд вчера донесе решение со кое, како што беше соопштено, се усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка забрана на најавениот штрајк од страна на ССКЛ. Со оваа Одлука, соопшти М-НАВ, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ