Цениме, рече Мицоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, дека со ова уште повеќе ќе влијаеме позитивно во намалување на стапката на сиромаштија.
Не треба, нагласи премиерот, да заборавиме уште еден параметар, а тоа дека 150 илјади пензионери пред да почне ова линеарно зголемување имаа пензии кои беа околу 10 до 12 илјади денари.
„Од вкупно 330 илјади пензионери, 150 илјади беа во таа група. Што значи дека сега тие веќе со овие 7 илјади денари линеарно зголемување немаат пензија под 15 илјади денари, туку сите се движат од 17 до 19 илјади денари. И како влада ќе продолжиме во таа насока“, истакна Мицкоски.
Прашан дали Уставниот суд би можел да го спречи линеарното зголемување на пензиите, Мицкоски, рече дека не би ги коментирал одлуките на Уставниот суд, затоа што, како што наведе „воведовме таква пракса и тоа е правилното – да не се коментираат одлуките на Уставниот суд“.
„Јас само можам да ги коментирам податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, односно социјалните показатели и параметри. Таму се анализирани два суштински, кои се битни за граѓаните. Едниот е стапката на сиромаштија, другиот е токму оној Џини-коефициент, односно правилната или неправилната распределба на доходите за која зборувавте. Точно е дека како држава сме лидери во регионот и сме над европскиот просек. А што се однесува до стапката на сиромаштија, во 2024 година таа е помала – 21,9%, споредено со 22,2% во 2023 година, а ако се спореди со 2021 година, тогаш беше 23%,“ појасни Мицкоски.






