петок, 5 декември 2025
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски

Нема да има нови ресори, во Вреди еден човек ќе биде вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, Вреди нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, имајќи предвид дека тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина.

Објавено на

часот

Сподели

„Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа во рамки на нашата заедничка коалиција е договорено“, рече Мицкоски.

Околу имињата, тој истакна дека очекува да ги достави во понеделник, откако ќе бидат искристализирани, но, дополни дека тоа се оние имиња, кои горе долу циркулираат во јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ