недела, 14 декември 2025

Нема активни пожари, заминаа Словенците, а утре и чешкиот хеликоптер

На територијата на Македонија нема активен пожар. Пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна. И пожарот кај Долнени е изгаснат, информира Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила. Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани, а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни благодарници. Утре заминува и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада“, изјави Ангелов.

За гаснење на пожарот на територијата на Општина Долнени во атарот на селото Стровија на местото викано Гајдарец – Клепало, рано утрово полициски хеликоптер пренесе екипи на Национални шуми и неколку доброволци ловци кои за неколку часа целосно го изгаснаа овој пожар на отворен простор кој имаше зафатено поголема површина со сува и висока трева по гребенот на планината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ