Нема активни пожари, вчера се изгаснати 9
Вчера имаше девет пожари на отворено, сите се изгаснати од пожарникарите. Активни пожари нема. Пожарите на отворено беа во општините: Бутел, Гази Баба, помеѓу општините Бутел и Шуто Оризари, Визбегово, Прилеп, Струмица, Василево, и во Општина Чешиново – Облешево. Гореа главно ниска вегетација и ѓубришта, информираат од ЦУК.

Објавено на
часот





