Партнерството на компанијата Бамби со силен регионален бренд и на компанијата Нелт СТ, која располага со исклучителна локална експертиза во областа на дистрибуцијата и развојот на пазарот, претставува цврста основа за долгорочен раст, унапредување на достапноста на производите и создавање дополнителна вредност за трговските партнери и крајните потрошувачи.
„Со преземањето на дистрибуцијата на брендот Бамби продолжуваме со проширување на портфолиото на стратешки принципали, потпирајќи се на силен дистрибутивен систем и долгорочни партнерства. Силата на Нелт група произлегува од принципиелната соработка со лидери во различни категории и од високите стандарди што ги одржуваме во секој дел од операциите. Убеден сум дека и соработката со компанијата Бамби ќе биде успешна и долгорочна, бидејќи ги споделуваме истите вредности – квалитетна услуга, професионален пристап и јасен фокус на потрошувачите“, изјави Драган Димоски, менаџер на дивизија Нелт СТ.
Компанијата Бамби е дел од групацијата Coca-Cola HBC Србија, а ја одликува силна пазарна препознатливост, широка база на потрошувачи и значителен потенцијал за понатамошен раст на пазарот во Македонија.
Нелт Група и Бамби веќе со години успешно соработуваат на пазарите во Србија и Босна и Херцеговина, а новата соработка во Македонија дополнително ја продлабочува регионалната соработка. Фокусот на заедничките активности ќе биде насочен кон зајакнување на позицијата на брендот Бамби, развој на портфолиото и проширување на достапноста на производите преку дистрибутивната мрежа на Нелт СТ.






