петок, 25 април 2025

Неколку билатерални средби на Муцунски на маргините на Анталија Дипломатскиот форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на маргините на Анталија Дипломатскиот форум се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, со високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, со заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Молдавија, Михаил Попшоју, со министерката за надворешни работи на Грузија, Мака Бочоришвили, како и со европратеникот во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со високиот претставник Шмит, информираат од МНРНТ, фокусот беше ставен на политичката состојба во регионот, европската перспектива на Западен Балкан и значењето на постојана ангажираност за стабилност, мир и помирување. Средбата со генералниот секретар на ОБСЕ, Синирлиоглу, беше исклучително конструктивна – насочена кон размена на ставови за безбедносните предизвици и идентификување на потенцијалот за унапредување на регионалната стабилност и соработка.

На средбите со министрите за надворешни работи на Молдавија и Грузија беше потврдена одличната билатерална и мултилатерална соработка, со заедничка заложба за зајакнување на економските врски и интензивирање на поддршката во рамки на европските интегративни процеси.

На средбата со европратеникот Илхан Кјучук, министерот Муцунски ја истакна важноста од отворањето и водењето на пристапни преговори како најдобар механизам за обезбедување на неповратноста на реформските процеси и демократскиот развој. Притоа, нагласи дека е неопходно деескалирање на билатералните блокади и враќање на процесот на европска интеграција во неговата суштинска рамка – оценка според заслуги и исполнети критериуми

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ