Тој информира дека од утрово, пожарот на Серта се гасне со воен хеликоптер и два авиона за гаснење пожари.
„Врз основа на дописот од Кризниот штаб на Oпштина Неготино, за поддршка од надлежните институции за вклучување во гаснењето на пожарот на планината Серта и остварената комуникација со одговорните лица, од утрово во гаснењето на пожарот се вклучени еден воен хеликоптер и два авиона што од воздух со испуштање количини вода, прават напори пожарот да биде изгаснат, соопшти Стојанов.
Од Кризниот штаб на Општина Неготино апелираат до граѓаните за почитување на мерките и препораките дадени изминатите денови од кога е и активен пожарот на Серта.
Пожарот избувна во средата околу 10:30 часот.






