петок, 12 декември 2025

Недозволено оружје и дрога во дом во тетовско, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, соопшти јавното обвинителство (ЈО).

Објавено на

часот

Сподели

„При претрес во домот на осомничениот во селото Орашје, полицијата пронашла автоматско огнено оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети. Станува збор за автоматска пушка и две рамки со 22 куршуми со калибар соодветен за таа пушка, кои за граѓаните се во целост забранети, како и уште 78 куршуми со непознат калибар. Исто така, на различни локации во домот биле пронајдени и околу 10 грама марихуана, дигитална вага и дробилка со траги од наркотична дрога. Поради опасност од бегство, можност за влијание за постапката и за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, велат од ЈО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ