сабота, 17 мај 2025

Недостигот од судии го приморува Судскиот совет да делегираа судии од еден во друг суд

Судијката Марија Маневска од Основниот суд (ОС) во Струмица прифатила да биде делегирана и да биде в.д. претседател на ОС Берово, а судијката Анита Стојанова се враќа во Апелацискиот суд. Во Основниот суд во Кичево поради алрмантната состојба со бројот на судии се делегираат тројца судии од ОС Гостивар, од кои еден судија од ОС Гостивар кој и претходната година бил делегиран и работел на граѓански предмети и прифатил да остане да работи во Кичево. Судиите Ќуким Фетаи и Алим Садику од ОС во Гостивар се новоделегираните да работат во ОС Кичево, одлучи Судскиот совет на денешната седница.

Објавено на

часот

Сподели

Потпретседателот на Советот, судијата Ханиф Зендели кој воедно и координатор за Основен суд Кичево образложи дека минатата година биле делигирани тројца судии од ОС Гостивар во ОС Кичево.

-Сметам дека судиите, коишто ги избравме академците и тоа Ќуким Фетаи и Алим Садику предлагам да бидат делегирани една година да работат во Основен суд Кичево, вели Зендели.

Судиите кои се делегирани од ОС Гостивар во ОС Кичево се определени според рангирањето на листата.  Новоделегираните судии во ОС Берово и ОС Кичево ќе работат на предмети една година почнувајќи од 1 мај 2025 година.

Судскиот совет на денешната 520 седница едногласно со 13 гласа одлучи и на шест судии, кои ги исполнуваат условите за пензионирање со 64 години, да им биде продолжено работење во рок од една година со вршење на судиската функција.

Судиите, Васил Димковски од Основен кривечен суд Скопје, Благица Гошовска судија од ОС Крива Паланка, Јованка Ивановска од ОС Прилеп, Киро Михајловски ОС Гостивар, Татјана Митровска од ОС Битола и Татјана Сусулевска од Апелациониот суд  Битола ќе продолжат да ја извршуваат функцијата во рок од една година, иако ги исполнуваат условите за пензионирање, со наполнети 64 години. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски појасни дека со Закон за изменување и дополнување на законот за работни односи, во сила со денот на објавувањето 22 февруари 2025 година со член 104 а се дава право на избрано или именувано лице да продолжи со вршење на функцијата и по исполнување на условите за старосна пензија најмногу до 67 години, а со дадена изјава за продолжување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ