Тој не гледа причина пратениците во парламентот да не поддржат реформски закони и смета дека не треба да има уценување и политиканство.
„Навистина не ја гледам причината зошто, ако е нешто реформско и добро. Нели сите сме за Европа? Тогаш треба сите да поддржиме реформски закон којшто го поддржала Европската комисија. Доколку, владиното мнозинство носи закони кои што се антиевропски, антиреформски, етноцентрични, тогаш, би ја прифатил таа теза, во ред. Затоа е алатката ‘бадентер’, да се спречи ваквото однесување на Владата. Но оваа влада се однесува космополитски, се труди да биде влада на сите граѓани и доколку пред пратениците се најде реформски закон, поддржан од Венецијанска комисија, поддржан од Европската комисија, не гледам зошто пратениците на коишто полна им е устата со Европа, ‘Европа сакаме да бидеме’ – да не ја поддржат“, рече Мицкоски.
Во однос на прашањето за влез на Алијанса на Албанците во Владата, тој посочи дека нема такво размислување, односно оти актуелната Влада има историски високо мнозинство во парламентот, двотретинско.
Премиерот посочи дека имињата на новите министри од Вреди ќе бидат познати на почетокот од следната недела.
„Па мислам, на почеток на следаната недела сè ќе се знае. На почетокот на следната недела ќе ги поднесеме предлозите“, изјави Мискоцки, нагласувајќи дека имаат план на активности, што планираат да ги прават внатрепартиски и потоа со институциите, чекор по чекор.
За изборот на повереници за општините во кои немаше консензус за избор на градоначалник, Мицкоски посочи дека ќе бидат соопштени во вторник на владина седница.






