понеделник, 14 јули 2025
Поради технички проблем

Не работи полицискиот број 192, граѓаните да вртат на 112 ако имаат пријави

Министерството за внатрешни работи соопштува дека телефонската линија 192 e во прекин поради технички проблем. Како што се посочува во соопштението, граѓаните кои имаат потреба можат да го користат бројот 112, се до отстранување на техничките проблеми.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за нивно отстранување. Ве информираме дека во функција е бројот 112 и граѓаните кои имаат потреба можат да го користат овој број, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ