понеделник, 15 декември 2025
Апел од ЈП „Водовод и канализација“

Не ја трошете водата за полевање на дворови, ќе немаме за пиење и капење

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје апелира граѓаните рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, а како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, велат од јавното претпријатие.

Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци и доколку забележат било какво истекување на вода истите да ги пријават на еден од следните контакти: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ