понеделник, 26 мај 2025

НБ: Депозитите во банките, во март пораснаа за 12,7 отсто, кредитите ги следат во чекор со раст од 12,3 проценти

Вкупните депозити на годишно ниво во март бележат раст од 12,7%, којшто произлегува од повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, се зголемени за 12,3% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

Објавено на

часот

Сподели

Во март 2025 година, паричната маса забележа месечен раст од 0,6%, во најголем дел како резултат на повисоките краткорочни депозити, при помал раст и на готовите пари во оптек, во услови на пад на депозитните пари и долгорочните депозити до две години. На годишна основа, растот изнесува 10,9% и произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити, долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек.  

Вкупните депозити во март остварија месечен раст за 0,6%, во целост поради зголемените депозити на корпоративниот сектор. На годишна основа вкупните депозити бележат раст од 12,7%, којшто произлегува од повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. 

Вкупните кредити, во март, се зголемени за 1,0% на месечна основа, како резултат на растот на кредитирањето на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 12,3% и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“. 

Во март годинава, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат раст од 3,0% во споредба со претходниот месец, пред сѐ поради повисоките краткорочни депозити во странска валута, при дополнителен раст и на краткорочните депозити во денари, додека останатите компоненти бележат пад. На годишна основа, растот изнесува 13,3% и во поголем дел е резултат на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и краткорочните депозити во денари, при помал раст и на долгорочните депозити во денари и во странска валута.   ‒ Кредитите на корпоративниот сектор5, овој месец, се зголемени за 0,9% и 15,3% на месечно и на годишно ниво, соодветно. Нагорната месечна и годишна промена во целост произлегува од повисокото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута. 

Вкупните депозити на домаќинствата, во март се намалени за 0,1% на месечна основа. Притоа, промената пред сѐ се должи на падот на депозитните пари, при помал пад и на долгорочните депозити во странска валута, додека краткорочните депозити во денари и во странска валута и долгорочните депозити во денари забележаа раст. Овие депозити се зголемени за 12,9% на годишна основа, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута.  Кредитите на домаќинствата, овој месец, бележат месечен и годишен раст од 1,1% и 9,6%, соодветно, којшто е резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.  

Во март, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, е остварен месечен раст од 1,0% и 1,6%, при годишно зголемување од 9,2% и 13,9%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити забележаа пад на месечна основа од 1,1%, додека на годишна основа се повисоки за 3,4%. Во март, кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,8% и 9,0% на месечно и на годишно ниво, соодветно. Негативните салда на тековните сметки, во март, се зголемени за 5,1% на месечно ниво, при годишен пад од 2,4%, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 0,3% и 8,2% на месечна и на годишна основа, соодветно, се наведува во соопштението од НБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ