Во Скопје, ведро и студено утро, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 15 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време, освен утре (четврток) кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег.
Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.