Бучковски во ова интервју, според порталот Рацин.мк „отвора едно храбро прашање дека Македонија треба спроведе политичко-правна рехабилитација на битни личности што ги делиме со Бугарија, како чекор на нашата земја да покаже дека искрено влегува во процесот на помирување и пријателство. Тој смета дека по Втората светска војна имало повеќе политички монтирани процеси во кои ‘ванчомихајловистите’ беа драконски казнувани“.
Бучковски вели: „За мене би било исклучително важно да дојде до правна рехабилитација на семејството на Венко Марковски, да дојде до правна рехабилитација на семејството на Богдан Поп Ѓорчев, да дојде до правна рехабилитација на личностите и нивните семејства, на академикот Богомил Ѓузел.”
Реакцијата на Наум Пановски ја пренесуваме во целост:
„Овој осуден криминалец, лик кој со своето неприлично и предавничко политичко профитерско однесување ѝ има нанесено огромна штета на Македонија, дрско си дозволува да дели ум и совети за некави си битни личности за Македонија кои кобајаги сме ги делеле со Бугарија… Од каде тоа?
Со Бугарија единствено ги делиме нивните злочини извршени врз македонскиот народ во Македонија и надвор од неа за време на Првата и Втората светска војна и нејзините континуирани напади врз интегритетот и самобитноста на Македонија… И ништо повеќе и ништо помалку.
Ако деструктивниот антимакедонски лик кој го распродава македонскиот народ за ситни пари, кои што воопшто не му смрдат, сака да го брани интересот на бугарскиот поет Венјамин Миланов Пешев, кој се изјаснил за Бугарин, и тоа е негово право да го бира својот идентитет, нека појде во Бугаија и нека го брани таму… Не овде во Македонија.
Венјамин алиас Венко е бугарски поет, не е македонски. По негов избор. Сѐ останато е политичка манипулација.
Што се однесува до другите двајца без многу големи зборови едниот Димитар Ѓузелов, бил директор на Бугарското фашистичко Радио Скопје од 1941 до 1944 и вршел пропаганда против македонскиот народ. И според законот на тогашна АСНОМ-ска Македонија направил кривично дело против својот народ и против државата за што е осуден.
Оваа личност што се претставува за правен моралист треба да знае даке секоја држава има свој одбранбен механизм вграден во законодавството кој ги штити интересите на таа држава и на тој народ и тука дискусија нема. Така е секаде во светот.
За третиот лик што повеќе да се каже од овај цитат од Википедиа: ‘Д-р Богдан Поп Ѓорчев (25 мај 1904, Велес – 15 јануари 1945, Велес) — македонски лекар, деец на ТМРО, член на Гестапо, соработник на фашистичкиот злосторник Ванчо Михајлов, основач на здружението на бугароманите – Ратници на напредокот на б’гарштината’.
Толку. Данило Киш би рекол – панјатно?
Кој е интересот на Македонија да ги рехабилитира своите докажани непријатели и промотори и бранители на антимакедонските односно на бугарските интереси? Кој е интересот на Македонија да го рехабилтира фашизмот во Македонија?
И на крај овој бесрамен портал, и неговиот мутиран потрчко од некогашната ергела на разно-разни лажни демократи и блебетала без вистинска професија, и кој повеќе од година дена го злупотребува името на Коста Солев, познат во Македонија под митологизираното име Рацин, кој и малку да знаеле кој бил пролетерскиот поет и комунист Коста Солев и што сé тие бугарски фашисти му направиле од 1941 до 1943 година на најталентираниот македонски поет, би си ја наведнале главата и би го затвориле својот срамен предавнички портал.
Такво понижување Коста Солев не заслужува од никого од нас“, се вели во реакцијата на Наум Пановски објавена на неговиот фејсбук-профил.






